Прес конференциите на СДС и Ковачевски се уште еден доказ дека хартијата трпи се. Може да организираат уште 50 јавни настапи на кои ќе зборуваат за фиктивни капитални инвестиции, ама реалноста говори дека немаат ништо реализирано. Граѓаните со свои очи може да видат дека власта на СДС и ДУИ потрошија 20 милијарди евра буџетски средства во овие 5 години, а не направија ниту еден автопат, клинички центар, студентски град ниту пак некој друг позначаен објект. Граѓаните се уште чекаат да го завршат автопатот Охрид-Кичево или пак двата километри кон Блаце. Граѓаните читаат за колапс на железничкиот сообраќај, а СДС убедува дека градат железнички пруги. Примарниот гасовод кој требаше да биде готов до 2019-та тие уште не може да го завршат. Ете до таму оди забеганоста на партијата на власт.
Тоа само покажува дека не се способни ниту да ги завршат проектите кои отпочнаа пред тие да дојдат на власт. СДС и ДУИ се фокусирани само на испумпување на буџетските пари и правење на статистички гимнастики.