СДС е партија која клевети и лаже. За тоа има судска пресуда како потврда.
Но освен по лагите СДС се познати и по својата неспособност и криминогеност. Поради нивните бизнис интереси и криминалните тендери, Македонија е доведена до енергетска катастрофа која граѓаните скапо ја плаќаат. Еднаш граѓаните го плаќаат милионскиот увоз кој го прават кадрите на СДС заради недоволното домашно производство на струја, а втор пат ги плаќаат повисоките сметки за електрична енергија. Граѓаните дупло оштетени, а власта побогата со провизии, тендери и матни бизниси.
Заради нивниот арамилук и недомаќинлук, народот тоне во сиромаштија, а економијата во Македонија пропаѓа се повеќе.
Костовски друг пат кога ќе излезе на прес конференција нека ги провери енергетските податоци за увоз на електрична енергија и нека не се брука на јавна сцена.
Дополнително кога веќе проверува нека му кажат дека СДС е во коалиција со Левица, како во градот Скопје, така и во другите општини низ Македонија, а неговиот лидер пак е во скутот на ДУИ.