УСВОЕН РЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 230 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА ОПШТИНА БУТЕЛ
Денес на седницата на советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала Општина Бутел.
Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. За жал советниците од СДС и Левица не го поддржа буџетот, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на: Уредување на речното корито на Река Серава Реконструкција и ревитализација на локални улици Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација Изградба на нови спортско рекреативни центри во сите населени местаНови детски игралишта Нови спортски игралишта Нов пешачки и пристапни патеки Поддршка на спортски клубови Спортски стипендииСубвенционирање на кровови и фасадиЗголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
Финансии за културни и спортски настани
Во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!2023 година ќе биде година на развој, на многу нови проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел.