СДС се единствена партија која за својата неработа и хаосот кој го креира обвинува некој друг. Реалноста е дека токму СДС се дел од власта во градот Скопје и креатори на тој хаос и бесперспективност за кој зборуваат.
Токму СДС се во коалиција со Данела Арсовска во Скопје, заедно со ДУИ, Левица и ГРОМ.
Коалицијата на Арсовска и СДС си ја призна и самиот Ковачевски кој откри дека имале средби. На тие тајни средби се договарани матните криминални тендери, на штета на градот и скопјани.
Арсовска постави директор на ЈСП од СДС преку кого ги реализира криминалните зделки. Александар Стојковски кадарот на СДС е тој го потпиша договорот за набавка на гориво за ЈСП од 27 милиони евра, без вообичаениот рабат и така го оштети буџетот на ЈСП е оштетен за скоро 1.5 милиони евра.
За долгот во ЈП Водовод и канализација, СДС нека си прашаат во влада или кај коалициониот партнер ДУИ затоа што два милиони евра е долгот на Клинички кон ЈП Водовод и канализација.
Така да кога СДС сака да бара виновник за хаосот во Скопје подобро ќе беше истиот да си го бара во сопствените редови, но и во тие на ДУИ, Левица и ГРОМ.
Доказ за тоа се поставените кадри.
Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.
Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.
Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.
Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.
Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.
Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
Еве кој е на власт во град Скопје и со кого Данела Арсовска создава хаос, кој не се грижи за градот и кому му одговара заглавен град.
А да биде апсурдот поголем новиот министер во владата на СДС и ДУИ, бекатон политичарот Ристо Пенов рече дека е задоволен од работата на Арсовска.
Коалицијата на Арсовска со СДС, ДУИ и Левица го носат Скопје во пропаст, а спас и излез е оставка на Арсовска.