Предлозите и идеите на граѓаните ќе бидат инкорпорирани во Програмите за работа и Буџетот за наредната година
И денешниот 4-ти по ред отворен ден изобилуваше со интересни идеи и квалитетни предлози од граѓаните на општина Неготино.
Ние како општина сме во фаза на планирање и изготвување на Буџетот за 2023 г. и во таа насока како и претходниот, и овој викенд имавме средби со граѓаните на кои го претставивме сето она што го планираме за реализација наредната година, но и да го слушнеме гласот на граѓаните.
А тие го посакуваат она што им е најпотребно-изградба на патишта и улици, водоводна и канализациона мрежа, детски забавни паркови, урбана опрема и слично. И наредната година продолжуваме со реализација на проекти кои се од интерес на граѓаните како во градот, така и во населените места во општина Неготино.
Линк од ФБ статус: