10.12.2022

Наместо паушални прес конференции, доколку им мислат добро на скопјани, Каевски и СДС веднаш јавно да побараат оставка од Арсовска

Денес очекувавме дека барем младиот Дарко Каевски ќе смогне сили и ќе побара оставка од Данела Арсовска.

Но, на Каевски, Ковачевски и СДС криминалот и пљачкосувањето на граѓаните им е врвен приоритет, а не решавање на проблемите на Скопје и скопјани.

Од што се плаши СДС јавно да побара оставка од Данела Арсовска. Нивниот молк и бегањето од барање на оставка за Арсовска само ја потврдува Криминалната коалиција Тачела, за која лепак се криминалот и провизиите во Градот Скопје.

Денес со Градот Скопје управуваат директори поставени од Арсовска, СДС, ДУИ, ГРОМ и Левица.

Наместо да се изнајдат решение за хаосот во Скопје, СДС и Арсовска преку коалицијата Тачела мислат само како да украдат некој денар повеќе од џебот на скопјани.

Каевски и СДС наместо со паушални обвинувања, нека излезат на прес конференција и јавно пред целата македонска јавност нека побараат веднаш Данела Арсовска да си поднесе оставка.