Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на форумот за безбедност во Сенатот на САД во Вашингтон.
За време на форумот Ѓорчев оствари средби со сенаторите Том Тилис, Синтија Луминс, Томи Тубервил и Џејмс Ланкфорд.
Ѓорчев ја нагласи важноста на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Односите меѓу двете земји треба да се продлабочуваат, како и заедничкото сојузништво во НАТО.
Главни теми на форумот се војната во Украина, состојбата во Европа и светот, сајбер безбедноста, енергетската криза и други поврзани теми.
На форумот учествуваат околу 200 учесници, како и пратеници од САД, Европскиот парламент, Канада, Велика Британија, Германија, Украина, Италија, Шпанија, Франција итн.