Поставени првите фотоволтаични панели на две училишта во Општина Велес!
На покривите на СОУ “Гимназија Кочо Рацин” и ССОУ “Димитрија Чуповски” поставени се фотоволтаични панели за производство на сопствена електрична енергија и намалување на ударот од енергетската криза.
И во наредните денови продолжува интензивната работа за опремување и на останатите училишта.
Посветено, за поубав Велес!