04.12.2022

Георгиевски: Овозможуваме граѓаните да земат поголемо учество во работата на општината, заедно го креираме буџетот

И денеска остварив средба со голем број на жители, кои во рамките на проектот „Отворен ден во твојата Општина“ ги даваа нивните идеи и предлози кои треба да бидат дел на идниот буџет и развојните планови на Општина Илинден.

Наша цел е да овозможиме што е можно поголемо учество на граѓаните во работата на општината и нејзините институции, пред се преку учество во креирањето на приоритетите на општината.
Како и досега, Општина Илинден останува транспарентна и отворена за граѓаните, каде наша цел е заедно да ја претвориме нашата општина во модерно и урбано место за живеење.

#отворенденвотвојатаопштина#бидиделодпроменитештоносатиднина

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid03g2fETtw4gEqzyz27ji2vP5gr2inQN69saEo5rwmGRKx1SEXtafCVwgsqNVMbZorl&id=100063857081671