Ковачевски и Арсовска наместо за матни тендери на тајните состаноци да договорат решавање на проблемот на превозниците. Ковачевски и Арсовска наместо да договараат тендери, да договорат и исплата на парите кои Клинички центар му ги должи на ЈП Водовод и Канализација.
Ковачевски и Арсовска се во тајна коалиција од која корист имаат само тие двајцата и луѓе околу нив, но не и Скопје и скопјани. Срамота е главен град како Скопје, во 21 век во сред Европа, да има проблеми со јавниот превоз. Ковачевски и Арсовска го вратија Скопје 100 години назад.
Наместо развој, нови проекти и инвестиции, скопјани заради неспособноста на Арсовска се во неизвесност дали ќе имаат автобус за да отидат на работа, да испратат дете на училиште или да можат слободно да се движат низ градот за своите секојдневни обврски.
Ковачевски и Арсовска наместо да си ја префрлаат топката нека почнат да работат. Тие се на функции на кои треба да испорачаат резултати, ако не знаат нека си дадат оставки веднаш, и што побрзо да одиме на избори.