07.11.2022

Бледо интервју на Ковачевски, без решенија и со куп импровизации

Бледо интервју на Ковачевски, без решенија и со куп импровизации.

Ковачевски нема мнозинство за уставни измени. Нема да му помогнат ниту 100 лидерски, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на уставот под овие околности, без да има цврсти гаранции за нашата ЕУ иднина без дополнителни условувања.

Ковачевски и неговите политики не се во сообразност со Македонските интереси. Загрозен е јазикот, идентитетот и историјата, а власта ги заборава и Македонците во Бугарија.

Економски Ковачевски покажа дека нема никаков план. Денес излезе статистика на ДЗС според кој извозот во период јануари – септември во споредба со истиот период лани зголемен за 20%, а увозот за 28%, тоа покажува дека трговскиот дефицит се продлабочува.

Со Владата на Ковачевски имаме зголемен трговски дефицит, огромен буџетски дефицит, јавен долг кој за три години е зголемен за над 2.5 милијарди, и инфлација помеѓу највисоките во Европа.

Ковачевски нема решение ниту за еден од овие проблеми. Економските показатели покажуваат дека земјата оди надолу.

Немаме напредок ниту на едно поле. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори.
Со почит,