Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат.
Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги.
Почитувани,
Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.








