19.11.2026

Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни.

СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.

И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.

Бараа надзорна расправа а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема.

Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?

СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.

Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат.