17.11.2026

Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?

Почитувани,

Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на Центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?

Во службен гласник на општина Центар, издаден на 28.12.2025 година, на страна 148, проект 22 јасно вели дека општината од септември 2026 година, ќе издвои 15 милиони денари или близу 250 илјади евра, за бесплатен оброк за сите ученици.

Два и пол месеци, учениците и родителите од Центар се излажани. Иако очекуваа бесплатен оброк, тие се уште од својот џеб ги плаќаат оброците на своите деца.

Бетон Герасимовски треба јасно да каже, зошто оваа мерка не е исполнета иако биле предвидени средства за истата? Дали Буџетот на општината е празен? Дали парите за оброкот се пренаменети за партиски интереси на СДС и Герасимовски?

Почитувани,

Бетон Герасимовски веќе не знае каде тера. По патот на неговиот претседател Филипче, сака да ја уништи општината, како што истиот ја уништува партијата.

Граѓаните на општина Центар да бидат спокојни, доаѓаат убави денови за срцето на Скопје.