Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен!
Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид.
Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат.
Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот.
Насилство не е решение!
П.С. Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин.
Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/1Hoqk9kAsU/






