Ова е флагрантна лага и ниска манипулација, која е на раб на хумор, но од СДС Центар тоа воопшто не е за изненадување.
Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ уште вчера соопшти дека ќе го поддржи предлогот но, во исто време алармираше дека ветувањето за бесплатен оброк за сите ученици не е исполнето и е заменето со субвенција од 1000 денари. Ова ветување беше едно од носечките ветувања на Бетон Герасимовски со кое ги лажеше Центарци.
Со лаги поддршка не се добива. Крајот во Центар ви е извесен.






