Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче е се поочигледни и истите не може да ги скрие.
Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки.
Парите на граѓаните, штедачите, доверителите се безбедни и многу скоро ќе врати и нејзиното нормално функционирање.
Токму тоа му смета на Филипче и СДС и затоа прават се, со лаги и манипулации креираат хистерија со цел да наштетат на процесот и да ја намалат вредноста на банката.
Ова е класична саботажа со цел да се наштети на државата, правното лице и на граѓаните, што е дело казниво со закон.
СДС и Филипче се навикнати банки да бакротираат, системот да се стабилизира, граѓаните да останат без своите пари, а за сметка на тоа сопственици на фирми блиски до Заеви, да ќарат милиони.
Како што е случајот со Еуростандард банка, од која фирми во сопственост на братот на Заев и негови бизнис партнери како „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“, „Тритерол“, освен што зедоа милионски кредити без покритие, истите и не ги ни враќале.
Ама затоа пак, со банкротот на банката, без своите со мака заработени пари останаа штедачите и граѓаните.
Од друга страна, кога Венко Филипче зборува за некаква одговорност, освен за пропаста на Еуростандард банка, редно е заедно со неговиот ментор, Зоран Заев јавно да проговорат и да сносат одговорност за сомнителните трансфери на стотиците милиони евра од Венецуела која тогаш била под санкции и пари во други земји и биле замрзнати.
Дали заедно со Заев премиер, а Венко министер во 2019 година знаеле и стојат зад овие трансфери со кои во Македонија се „переле“ сомнителни, односно криминални пари?
Тоа е она што СДС и Филипче треба да се фокусира и да дадат одговори на македонската јавност, а не да прават се за да го саботираат процесот кој има за цел да ги заштити интересите на сите засегнати страни, а првенствено на македонските граѓани.






