Наградата Феникс ставена во служба на пр-от на Бетон Герасимовски.
Градоначалникот Бетон Герасимовски треба јавно да објасни по кој основ бил изменет изборот на добитниците на наградата „Феникс“. Меѓу наградените има лица кои не биле избрани од надлежната комисија, додека кандидати кои ја добиле поддршката на комисијата согласно правилникот за избор останале без награда. Притоа, одлуката треба да помине и низ Советот на Општина Центар, што се нема случено.
Дополнително, приложените фотографии покажуваат дека градоначалникот ја изменил својата објава на социјалните мрежи – првично ги нарекува наградите „Феникс“, а потоа ги преименува во „Јубилејни награди – 50 години Општина Центар“.
Дали со оваа измена се прави обид да се прикрие заобиколувањето на комисијата и Советот? Наместо тивко менување на објавите, центарци заслужуваат објаснување, записник од гласањето на комисијата и соодветна одлука на Советот!
Општината не е приватна сопственост на СДСМ!
Линк од фб објава:






