Катастрофата е кај СДС, партија која за меѓународен секретар има човек кој не ги разбира меѓународните работи и несуден амбасадор, Андреј Жерновски.
Човек кој сака да се занимава со меѓународни работи, а нема елементарни познавања, како што на пример не знае што означува акронимот НАТО.
Жерновски е човек кој има партиска титула меѓународен секретар, а не знае што се случува ниту во Европа ниту во светот. Уште ја споменува Лаура Ковеши, а не знае дека Европското јавно обвинителство веќе има нов главен обвинител.
Такви кадри бира СДС во своето раководство на високи позиции, како Жерновски кој не знае кој е главен обвинител на Европското јавно обвинителство, а не запрел од себе фалење дека е голем капацитет и дека има што уште да понуди на македонската политичка сцена.
А во однос на годишниот Извештај на ЕК за Македонија, кој денес ќе биде предаден на претседателот на Владата, јасно стои дека постигнат е значителен напредок во клучни области, дека зголемена е подготвеноста за членство во ЕУ и нотирани се позитивни оценки за Реформската агенда.
СДС и Жерновски може колку сакаат да гледаат со друга диоптрија, но реалноста е дека Македонија се реформира и напредува и тоа го гледа и вреднува и Европската Унија.






