Почитувани граѓани,
Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.
Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери?
Почитувани,
Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски!
Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.
Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае?
Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу.
Почитувани граѓани,
Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС.
Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми.















