03.11.2026

Митева: ВРЕДИ имаа можност да покажат дека се поинакви од ДУИ, но ја пропуштија шансата да излезат од етничката реторика

На телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која истакна дека и по кампањата заложбата за „Една Брвеница за сите“ останува водечки принцип, нагласувајќи дека со конкретни проекти и владина поддршка ќе продолжи реализацијата на проекти за развој на општина Брвеница.

„Водевме исклучително позитивна кампања, обединувачка, излеговме со програма тоа е принципот под којшто работиме и тоа е принципот по којшто ја бараме довербата. Една Брвеница за сите, за нас ќе остане повеќе од слоган, е концепт нешто на коешто и како Влада ќе продолжиме да работиме, да ја поддржуваме општината со проекти“, посочи Митева.

Митева оцени дека ВРЕДИ ја пропуштиле можноста да покажат дека се разликуваат од ДУИ и дека наместо да се дистанцираат од етничката реторика, избрале да постапуваат на спротивен начин и посочи дека исходот од изборите нема да влијае врз функционирањето на владината коалиција, која останува заснована на заедничка владина програма.

„Не водевме ние калкулантска политика, ВЛЕН излегоа со сопствен кандидат уште во првиот круг, ако прашањето е дали некако тоа се рефлектира по однос на коалицијата во рамки на Владата, можам да ви кажам не затоа што и оваа Коалиција е владина коалиција базирана на владина програма и институциите треба да продолжат да ја спроведуваат, а тоа што ВЛЕН имаа можност да покажат дека се поразлични од ДУИ, да излезат од таа етничка реторика и навистина да покажат едно друго светло, ја пропуштија шансата и одлучија да постапуваат на спротивен начин“, рече Митева и додаде:

„Ја поздравуваме волјата на граѓаните, можевме да видиме денеска полни авиони како им заблагодаруваат на луѓето коишто дојдоа, не можеме да се бориме против демографијата, така што остануваме посветени и сигурна сум во она што го говоревме а тоа е дека со нашиот кандидат, со Стојанчо Радичевски ќе имаше навистина развој на општина Брвеница“.