30.10.2026

Стојаноски: Македонија оди напред, осум последователни квартали со раст на градежништвото

Кога се гради-Македонија оди напред!

Бројките за градежништвото покажуваат јасна разлика.

Во 8-те квартали од јули 2024 до јуни 2026, според пресметката прикажана од податоците на ДЗС, просечниот квартален реален раст на градежништвото изнесува +14,1%, без ниту еден негативен квартал.

За споредба, во анализираните 29 квартали од претходниот период просекот е -0,2%.

Разлика од 14,3 процентни поени.

Во вториот квартал од 2026 година, градежниот сектор бележи реален раст од 21,9%, а особено силен е растот кај нискоградбата – 48,9%.

Тоа е важна разлика. Главен двигател се инфраструктурните и капиталните зафати – патишта, коридори и други големи проекти кои создаваат трајна вредност за државата.

Повеќе градилишта, повеќе капитални проекти, повеќе создадена вредност.

Македонија повторно се гради – и тоа се гледа во официјалните бројки !

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/17uvfr59sT