СДС доби јасна политичка порака на изборите во Брвеница.
Резултатите во Брвеница покажаа дека СДС под раководство на Венко Филипче, се соочува со сериозен пад на довербата кај граѓаните.
СДС во Брвеница не изгуби само гласови. Изборот на граѓаните покажа дека СДС и Венко Филипче немаат доверба, немаат политичка тежина, ниту пак кредибилитет.
Разликата е јасна и очигледна. ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДС доби 707 гласови или околу 9%. СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1.
Во недостаток на нова визија, програма, јасна политика, убедливи решенија партијата на Филипче четвртото место и дебаклот се обидува да го слави како успех.
Партијата на чело со Филипче е заробена во старите политики и старите центри на влијание под менторство на Заев, и граѓаните тоа го препознаа.
Затоа, не бараме оставка од Венко Филипче. Напротив, сметаме дека треба да продолжи да го води СДС. Колку подолго партијата останува во оваа политичка стратегија, толку појасно граѓаните ќе можат да ја оценат разликата меѓу празната политичка самоувереност на СДС и конкретните резултати на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните во Брвеница не гласаат за политички претстави и самопрогласени победи на СДС. Гласаат за работа, одговорност и резултати кои ги носи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реализација на проекти и мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги исполнува ветувањата и да ја оправдува довербата што ја добива од граѓаните.
Брвеница испрати јасна порака. Прашањето е дали СДС и Филипче имаат политичка зрелост да ја разберат.






