10.10.2026

Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во Зелениково

Локалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.

Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река.

Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности.

Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град.

Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани.