09.10.2026

Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.

Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава.

Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално.

Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари. 

На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев.