За неполна една година Општина Старо Нагоричане покажа дека со одговорно управување, финансиска дисциплина и посветена работа може да се испорачаат конкретни резултати.
Реконструирани се повеќе локални патишта во Стрновац и Младо Нагоричане, а обезбедени се средства и договори за нови реконструкции во Старо Нагоричане и Добрача.
Паралелно, со општински средства се вложува во тампонирање и санација на локалните патишта.
Се инвестира и во комуналната инфраструктура, уличното осветлување, водоснабдувањето, противпожарната заштита и опремувањето на ЈКП „Козјак“. За комуналниот сектор се обезбедени значителни средства, а општината навремено ги сервисира своите обврски.
Извршена е и реконструкција на локален пат во с.Младо Нагоричане од м.в Ветеринарна станица до ООУ „Христијан Карпош’’ во должина од 627 метри, во вредност од 9.291.471 денари.
Во с.Младо Нагоричане маала Пиленац е завршена реконструкција на локален пат во должина од околу 564 метри, со вкупна вредност од 3.958.534 денари, финансиски средства обезбедени од првиот повик од унгарскиот кредит.
Особено внимание се посветува на младите и семејствата, финансиска поддршка за новороденчиња, првачиња и студентите, бесплатна екскурзија за деветтоодделенците и инвестиции во училиштата.
Но најважно, Општина Старо Нагоричане денес нема доспеани, неплатени обврски и нема ниту денар долг. Ова се реализирани проекти, обезбедени средства и конкретни резултати.
Работата продолжува. Старо Нагоричане да биде поуредна, побезбедна и подобра општина за секој нејзин жител.








