Кога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик.
Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе.
Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски – Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија.
Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија.








