05.10.2026

Охрид со крупни капитални проекти продолжува да се развива

Охрид продолжува со реализација на значајни капитални проекти кои носат подобри услови за живот и развој на градот.

Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Пецаков продолжува со изградбата на современа катна гаража во централното градско подрачје, како и со проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца, со што се придонесува за дополнителна заштита на Охридското Езеро.

Во изминатиот период се реализирани бројни инфраструктурни проекти, меѓу кои реконструкција и асфалтирање на улици и патишта, унапредување на водоводната и канализационата мрежа и модернизација на пумпната станица „Метропол“.

Особено значаен е и проектот за реконструкција и уредување на плоштадот „Чинар“, со којзначително се подобри изгледот и функционалноста на еден од најпрепознатливите простори во старата градска чаршија. Нов лик доби и „Холандскиот парк“ каде што беше извршено комплетно партерно и хортикултурно уредување.

Значајни инвестиции се реализираат и во образованието и младите. Изградена е нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“, продолжува реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“, а избрано е и идејното решение за нов Младински културен центар.

Охрид продолжува да инвестира и во спортот, културата и туризмот. Историскиот успех на ГРК Охрид со освојувањето на ЕХФ Европскиот куп претставува дополнителна потврда за значењето на поддршката на спортот и спортските клубови.

Со реализација на конкретни проекти и континуирани инвестиции, локалната самоуправа продолжува да работи на создавање модерен, функционален и развиен Охрид.