Ударната тупаница на СДС (било да се платформисти или Заевисти) Левица, има бујна имагинација и во обид советничката од нивните редови Маја Никодиновска да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди.
Јавна тајна беше нејзината блискост со ликовите кои важеа за дел од криминалното милје.
По личните навреди упатени кон градоначалникот на општина Гази Баба, одговорот беше “за криминал ќе ти кажат Оки и Жила”.
Очигледно од вистината советничката Маја премногу се возбуди и потресе, па тоа во јавноста погрешно го пренесува како “Оки и Жила ќе ти се десат”.
И на видеото убаво се слуша и јас кој бев до неа убаво слушнав.
Но народот кажал: си ја ишка мувата од капата.
Тешко на Левица ако кланот Грчец е реперот кој советниците им го следат.
Ние како советници нема да дозволиме да запре развојот на Гази Баба, бидејќи си ја сакаме општината и сакаме да создаваме дела за нашиот народ.
https://www.facebook.com/share/p/1E7K4Q3f37/?mibextid=wwXIfr








