25.09.2026

Пехчево оди напред со конкретни проекти и инвестиции во улици и локални патишта, санација на дивите депонии, подобрување на канализациската и водоводната инфраструктура

Општина Пехчево продолжува со реализација на значајни проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и условите за живот на граѓаните.

Во изминатиот период се реконструирани и изградени повеќе улици и локални патишта во Пехчево и населените места, меѓу кои улицата „Индустриска“, патиштата Чифлик–Умлена и Умлена–Робово, како и повеќе улици во Чифлик, Робово, Умлена и Црник. 

Во тек е реконструкцијата на улицата „Илинденска“ со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, а се работи и на инфраструктурата во индустриската зона „Чуката“.

Инвестициите во Пехчево продолжуваат и во јавните објекти каде реконструирани се културните домови во Црник и Панчарево, спортската сала „Јане Сандански“, општинската зграда, детската градинка „7 Септември“ и други објекти.

Пехчево вложува и во чиста и уредна животна средина. Реализирани се активности за санација на диви депонии, уредување на градската депонија, подобрување на канализациската и водоводната инфраструктура, како и уредување на јавни површини.

Посебно внимание се посветува на младите, спортот, културата и семејствата. Општината продолжува со поддршка на спортските клубови, Локалниот младински совет, културните манифестации, учениците и најмладите.

Пехчево чекори напред  со конкретни проекти, одговорна работа и инвестиции во иднината. Локалната самоуправа во Пехчево работи на подобри услови за живот и развој за сите граѓани на Општина Пехчево.