24.09.2026

Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција

Венко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија и ред други финансиски придобивки.

Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев се тие коишто тргуваа со националните интереси, идентитетот, историјата, јазикот, го сменија името, ја ограбија државата, ги осиромашија граѓаните.

Сега, како тоа да не им беше доволно, се противат на напорите на Владата да ја развие државата, да ја развие економија и против граѓаните да живеат подобро.

Развојот на рударството е една од гранките кои овозможуваат дол и стабилен раст и развој на домашната економија и индустрија, а СДС и Венко Филипче се против.

Како што се против и против развојот на напредната високотехнолошка индустрија и изградбата на дата-центрите, додека одредени нивни сегашни и поранешни сопартијци и ја поддржуваат идејата, а и влегуваат во бизнисот со дата-центрите.

Проблемот со развојот на Македонија, очигледно е само кај поединци од талогот на СДС под команда на Венко Филипче.

Затоа што тој, под менторство на Заев единствено прифаќа марихуана економија за струмичкиот клан на Заеви, бизниси и тендери од кои лично тој би профитирал дебели провизии и проценти.

Со ова Венко Филипче уште еднаш покажа дека не само што е против развојот на државата, туку, воопшто, против Македонија.

Наспроти нивните ликувања и обиди државата да не успее, на СДС и Филипче им порачуваме, продолжете да се препелкате во вашиот талог, Македонија ќе се развива и ќе успее и за тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

И јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција. Народот ве прочита и на следните избори, кога и да се случат, ќе ве испрати во темните страници на историјата.