Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ на минатата седница на Советот побара како секаде така и во Општина Центар да се одржуваат седници наменети исклучиво за советнички прашања.
Но, наместо да одбере датум за советнички прашања, Герасимовски преку крајно надмен и несоодветен одговор кој не доликува на центарски градоначалник седницата за советнички прашања предлага да се закаже за Нова година, на 31.12.2026 година.
Дека Горан „бетон“ Герасимовски не е способен да ги соочи аргументите со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, не е нова информација. Но, неговата лична (не)способност не е оправдание за да не одговора пред Советот за она што го работи, односно, (не)работи, а мора.
Замислете ова да се случуваше во Собранието, опозициските пратеници да не можат да постават прашање до Владата, а премиерот да им кажеше на пратениците “се гледаме за нова година”.
Општина Центар не е ништо помалку од другите институции и другите општини. Напротив, вакво не-транспарентно однесување е недозволиво за нај урбаната општина во државата, особено кога раководството е вмешано во финансиски скандали, издавање одобренија за градба „од ракав“, како и генерална неспособност и незнаење.
Советнички прашања мора да има секој месец. Сакале од СДС или не. Апелираме сите советнички групи да не поддржат во барањето редовно да се одржуваат седници за советнички прашања.








