24.09.2026

На какви дроги е мали Фрчко овој пат, зборува за набавка која не е наменска за патувањето во Њујорк

Читајќи го Јон Фрчкоски што пишува на Фејсбук не може човек а да не се запраша.

На какви дроги е мали Фрчко овој пат, зборува за набавка која не е наменска за патувањето во Њујорк.

Неговите помпезни пишувања не држат вода и освен за задоволување на преостаната мала навивачка публика во талогот на СДС, за друго не служат.

Вистината за набавката за која мали Фрчко збори е следна.

Станува збор за редовна регуларна јавната набавката во рамките на Генералниот секретаријат на Влада, којашто треба да ја има секоја институција.

Набавката е објавена некаде околу крај на јули или почеток на август месец со јасно утврдени рокови и техничката спецификација е иста како набавката од ланската година. Ништо не е сменето во неа, ни запирка е поместена, ниту сумата е промената.

И сега за појасно да му биде на мали Фрчко, ќе ги презентираме сумите за изминатите години.

Во 2023 сумата на оваа јавна набавка била 10 милиони денари за една година со БТ Травел, во 2024 година за период од две години изнесувала 20 милиони денари исто така со БТ Травел, додека во 2026 година сумата е исто така 20 милиони денари за две години со Фул сервис операторс.

Значи, од 2023 па наваму ништо не се менувало во техничката спецификација, таа е истата со единствена разлика, што сега провизијата за агенцијата е најниска, ама секако мали Фрчко тоа не можел да го знае.

Зафатен бил со неговите пороци, од кои човек тешко се одвикнува.