Општина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.
Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани.
Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика.
Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата.
Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место.
Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо.








