14.09.2026

Шутиноска Лазаревска: Како жени секој ден покажуваме дека сме подготвени да преземеме одговорност

На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – Повеќе демократија“,  во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Ана Шутиноска Лазаревска, член на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека активното учество во демократските процеси значи и преземање одговорност за донесените одлуки и порача дека гласот на секој поединец има тежина тогаш кога се претвора во конкретна одлука и учество, бидејќи демократијата не се гради само со зборови, туку со преземање одговорност за резултатите.

„Со нашето учество денес верувам дека денес и те како покажавме дека сме подготвени секако да ја преземеме таа одговорност, и тоа е разликата за којашто сакам да зборувам, не разликата помеѓу тивок и гласен живот туку разлика помеѓу глас којшто коментира и глас којшто одлучува, првиот е удобен затоа што не носи последици, вториот условно е неудобен затоа што твоето име останува залепено за резултатот, независно дали е добар или лош, и мислам дека токму таму во таа секунда на кревање рака, токму тогаш се раѓа учеството, не во изјавите туку во еден конкретен момент кога некој ти го подава гласот и очекува да го употребиш“, рече Шутиноска Лазаревска и додаде:

„Сметам дека демократијата не се гради од луѓе коишто остануваат безбедни на дистанца, набљудувајќи, коментирајќи но никогаш не влегувајќи внатре, таа е детерминирана од луѓето коишто во еден момент прифаќаат да ја платат цената на изложеноста еден по еден, момент по момент, одлука по одлука. За мене тоа учество значи и одговорност кон нашата татковина, кон традицијата и кон вредностите коишто не оформиле како народ. Ми претставува голема чест и привилегија што сум дел од Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ единствената партија која навистина сака да ја види Македонија просперитетна, успешна и почитувана“.