14.09.2026

Покана за настан по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека денес 14.09.2026 година (понеделник) во 19:00 часот по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата ќе се одржи првата политичка платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија” во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на Плоштад „Мајка Тереза”- пред Колонадата во Скопје.

Настанот ќе го отворат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија и Марија Митева, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на Република Македонија

Во рамки на политичката платформа ќе се одржат и две последователни панел дискуси.

На првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата” ќе се обратат:

Тимчо Муцунски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија,

Елена Ивановска, генерален секретар на Извршниот комитет на Унија на жени и државен секретар во Министерството за образование и наука

Ана Шутиновска Лазаревска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки

На вториот панел насловен „Улогата на политичките партии во демократското учество” ќе се обратат:

Владо Мисајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана

Ленче Нелоска, потпретседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе го модерира Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, и истиот ќе се емитува на youtube каналот на ВМРО-ДПМНЕ.

Локација:

https://maps.app.goo.gl/mVYPQR44jVbryftc9?g_st=it

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.