07.09.2026

На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, борбата против криминалот и корупцијата се зголемува. 

Системот се менува, а институциите си ја вршат работата. 

Таков е и случајот со вработениот во СОЗР, кој бил фатен од институциите со бележани пари. 

Ова е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работат, нешто што во времето на СДС, Филипче и Заев беше мисловна именка. 

На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче.