04.09.2026

Стојаноски: Осум последователни квартали со раст од 3%, за споредба, СДС и ДУИ во првите три квартали имаа економски раст помалку од 1%

Да направиме споредба!

Во политиката, особено во економијата споредбата мора да постои.

Споредбата на бројките е сериозен индикатор дали економската политика дава резултати или треба подобрувања.

Особено за економските “експерти” од СДСМ што тогаш ја водеа владата, а сега од опозицијата критикуваат.

Да направиме споредба на првите осум целосни квартали на владите предводени од ДУИ/СДСМ и владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

Разликата е јасна.

Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6%.

Во првите осум целосни квартали на актуелната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55%.

Тоа е речиси еден процентен поен повисок просечен раст, односно приближно 37% повисоко просечно темпо на економски раст.

Но разликата не е само во просекот.

Уште поважна е стабилноста и континуитетот на растот.

Во првите три целосни квартали на власта на СДСМ и ДУИ, со целосната општествена и политичка поддршка што ја имаа, економскиот раст бил под 1%.

Наспроти тоа, во актуелниот период Република Македонија има осум последователни квартали со реален раст од најмалку 3%.

Од Q3 2024 до Q2 2026 стапките се:

3,0% → 3,2% → 3,0% → 3,4% → 3,8% → 3,8% → 3,1% → 4,3%.

Ова никогаш не се случило во историјата на Република Македонија.

И најновиот податок дополнително ја потврдува позитивната динамика: во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3%.

Зборуваме за две години континуиран економски раст од најмалку 3%, со повисок просек и многу поголема стабилност отколку во првите осум квартали на претходната власт.

Бројките ја покажуваат разликата:

– 2,6% наспроти 3,55% просечен раст.

– + 0,95 процентни поени разлика.

– 37% повисоко просечно темпо на раст.

– осум квартали по ред со раст од најмалку 3%.

– последниот квартал – 4,3%.

Тоа е суштината: повисок раст, постабилен раст и континуитет на позитивниот економски тренд.

Линк од фб објава:

facebook.com/story.php?story_fbid=1660255982780541&id=100063884652825&rdid=6WunOEQtPL6y4Axd&share_url=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fshare%2Fp%2F1BtrTTJgaA%2F#