02.09.2026

ЛДП заборава дека нејзиниот поранешен претседател Жерновски, кој сега е во СДС, во 2009 година со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот закон за додаток за трето и четврто родено дете

Нашата политичка заложба како партија и како Влада која ја предводиме е директно во корелација со семејните вредности.

Во однос на коментарите на политичката партија ЛДП за изјавата на министерката Јаневска, сакаме да ги потсетиме дека во 2009 година, поранешниот претседател на ЛДП, а сегашен член на ИО на СДС, со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот Закон за додаток за трето и четврто родено дете.