Власта на СДС со опозициски пресови, сака да ја покрие нивната неспособност и криминал на централно ниво. Тие само шират невистини и лаги, надевајќи се дека граѓаните нема да сведочат за криминалната СДС.
Еден таков криминал кој што СДС сака да покрие е аферата „Броило“, каде во центарот на картелот е фатен Ковачевски, а тоа е афера тешка 26 милиони евра.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДС за 4 години.
Нема општина каде градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, а да нема реализирано десетици инфраструктурни проекти.
Голем број административни бариери се тргнати, и општините се направени по достапни за граѓаните.
Локалната самоуправа е сервис за граѓаните, а не како претходно за мафијата.
СДС тагува затоа што не можат да прават криминал и да си ги довршат криминалните зделки кои ги почнаа.
ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, и нема ден кога не се отвораат или пуштаат во употреба нови проекти.
И додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат, власта на секој начин опструира.