12.08.2026

Над 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи и работи за оние кои ја градеа државата. ВМРО- ДПМНЕ во предизборието вети 5.000 денари  но за само две години пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари.

Над 330 000 пензионери денес имаат повисоки пензии и посигурен сеемен буџет.

Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, па така најниската пензија денес изнесува 18.192 денари додека пак просечната пензија достигна историско највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари.

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата со конкретни политики и резултати и таа поддршка денес директно ја чувствуваат пензионерите во своите домови.

Пензионерите не се само бројка, туку генерации кои со децении ја граделе државата и токму затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветено, домаќинско и одговорно работење да креира мерки и политики кои ќе донесат повисок стандард и сигурна иднина за сите граѓани.