12.08.2026

Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле

Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар.

Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина.

Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор.

И додека неспособните кадри на Филипче ДУИ и Таравари бегаат од одговорност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните во Гостивар да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Додека институциите се справуваат со актуелната состојба во Гостивар, мора да се расчисти и со минатото.

ЈО да отвори случај и да ги истражи документите кои беа споделени во јавноста. Здравјето на граѓаните во Гостивар не смее да биде предмет на политички игри. Одговорност мора да има за секој што знаел а молчел.