Талогот на СДС со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и селективно молчи.
Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за во јули 2026 година, 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување.
Движењето низ месеците дополнително ја разголува тезата на СДС како конструкција без покритие, март месец годинава инфлација 4,9%, малопродажни цени 3,4%, април инфлација 5,7%, малопродажни цени 5%, мај инфлација 4,8%, малопродажни цени 5,6%, јуни инфлација 3,4%, малопродажни цени 3,6%, додека пак јули имаме инфлација 2,3%, малопродажни цени 1,8%.
Од априлскиот максимум до јули, годишната инфлација е намалена за 3,4 процентни поени, што практично значи пад од близу 60%. Кај прехранбените производи, каде поскапувањето падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули намалување од 3,8 процентни поени за само два месеци.
Во периодот март-јули 2022 година, кога економската политика ја кроеја токму луѓето кои денес се прогласуваат за “економски експерти”, просечната инфлација изнесуваше 12,34%, а малопродажните цени растеа со 12,1%. Денес, во истиот временски интервал, бројките се 4,22% и 3,88%. Разликата е речиси трикратна, тоа им смета на СДС.
Комбинацијата на пониска инфлација, растечки извоз, зголемено производство и намалена невработеност е доказ за конзистентноста во економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Не постои спин-стратегија што ќе ги избрише годините на нивно управување, годините на исцрпена каса, замрзнати инвестиции и стагнација. Токму затоа секој обид на СДС да зборуваат за економија денес е обид да побегнат од сопствената сенка. Можат да менуваат наративи секоја сезона, но не можат да станат економски експерти, со таква историја како нивната на управување.








