11.08.2026

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Почитувани,

Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар.

Токму оние кои со години имаа политичка и институционална моќ денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста.

Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по добиените над 400 извештаи кои укажувале загадена вода?

Гостиварци мора да дознаат зошто биле труени со години, а СДС и Филипче не презеле никакви чекори.

За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Но паралелно со решавањето на актуелната состојба, мора да се расчисти и минатото.

Затоа го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите кои ги споделивме во јавноста.


Линк од видео материјал: