11.08.2026

Талогот и хипокризијата на СДС на дело во Гостивар, Филипче нема право да морализира бидејќи дозволил со години граѓаните да пијат неисправна вода

Политичкиот талог создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и предавнички политики од кој произлезе и Филипче денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет.

Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните на Гостивар со години пиеле загадена вода.

Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот.

Проблемот со водата во Гостивар е стар и е одлика на децениската негрижа на локалната власт.

Филипче со компромитираните кадри околу него нема кредибилитет да морализира за случајот во Гостивар, каде Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани кој изјави дека не чувствува никава морална одговорност за скандалот со водата.

Кадрите на Филипче, ДУИ и Таравари во Гостивар беа неспособни да се справат со ситуацијата па затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење и секојдневно грѓаните на Гостивар добиваат флаширана вода за пиење.

ЈО да го истражи случајот зошто Филипче и власта на СДС дозволувале Гостиварци да се трујат со години.