Почитувани,
Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.
СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село.
Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село.
За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и да се претстават како жртви.
Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив.
Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Тоа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија.
Линк од видео материјал:










