09.08.2026

Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен


Кога станува збор за СДС и актуелното раководство нема ништо ново освен лаги и манипулации во јавноста. А кога ќе бидат фатени е тогаш стануваат нервозни, зборуваат нелогични работи.

Венко Филипче во Ново Село кога ВМРО-ДПМНЕ имаше настан одлучи да прати насилници, трговци на дрога да прават инцидент. Дополнително едниот од нив излезе и самиот ја потврди тезата, односно нашите кажувања.

Е сега Филипче е нервозен. Нормално ќе е нервозен кога ова е една од ситуациите во која талогот исплива на површина.

Лицата пратени во Ново Село од Филипче не можат да бидат иднина на Македонија. Тие се олицетворение на лицата Зоран Заев, Венко Филипче и слично. За Заев на цела јавност и е јасно дека е аболициран криминалец. За Филипче од каде да се почне му изгореа живи 14 лица во модуларната болница во Тетово, загинаа 16 лица во несреќата кај Ласкарци поради неорганизираниот здравствен систем, за време на корона починаа околу 10 илјади граѓани. Освен овие деца во Ново Село, кои така ги нарекува Филипче, талог во општеството се и лицата кои ја водеа седум години државата.

Одговорност нема поради фактот што Заев заедно со другарот Филипче имаат се уште влијание во правосудниот систем.

И наместо да се засрамат и да прекинат со срамните и опасни  дејствија во општеството, тие продолжуваат по лошиот пат не само што продолжуваат, туку тонат одејќи по истиот пат.