06.08.2026

Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија – прифаќање на француски предлог

Со секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее.

И тоа го прават со единствена цел да се убие  надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор.

Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции.

Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите.

Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато.

Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции.

На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја.

Така да, залудни им се обидите на талогот во СДС, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства.

Заедно со народот ваквите предавници во СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДС под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави.