05.08.2026

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е транспарентна, одговорното и домаќинско управување носи стабилни јавни финансии и намалување на јавниот долг 


Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да покажува дека со домаќинско, одговорно и транспарентно управување се постигнуваат конкретни резултати во управувањето со јавните финансии.

Министерството за финансии управува транспарентно и одговорно со јавните финансии и согласно усвоените законски решенија и стратешки документи и транспарентно ги објавува податоците на својата веб-страница, како и преку завршните сметки на буџетите коишто се разгледуваат и усвојуваат во Собранието.

Последните објавени податоци за реализацијата на Буџетот, за периодот од 1 јануари до 31 јули 2026 година, потврдуваат дека буџетските приходи се реализираат согласно планираната динамика и бележат раст во однос на истиот период минатата година.

Истовремено, навремено се сервисираат обврските, вклучително и обврските за отплати на долгови на домашниот и странски пазар. Дополнително, објавените податоци за состојбата на јавниот долг заклучно со вториот квартал укажуваат на намалување на нивото. На крајот на вториот квартал од оваа година тој изнесува 58,8% од БДП, додека во првиот квартал беше на ниво од 58,9% од БДП, на крајот на 2024 нивото беше 61,4% од БДП и на крајот на 2025 година  59,4% од БДП.

Овие показатели се потврда дека политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат стабилни јавни финансии, поголема фискална дисциплина и постепено намалување на јавниот долг, создавајќи сигурна основа за економски раст, нови инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.