05.08.2026

Иванов: Умислената елита не знае како е да се работи за државата и народот, затоа се пронаоѓа себе си како талог 

Доста е од умислени елити и лажни авторитети!

 Општествениот талог со години се обидува да се претстави како елита, луѓе кои не знаат да работат, не знаат да создаваат, а уште помалку знаат што значи да се работи за државата и за народот.

 Од високо гледаат на обичните граѓани на Македонија, убедени дека им припаѓа правото да одлучуваат, да владеат и да ја кројат иднината на Македонија, притоа забораваат дека Македонија не е нивна приватна сопственост!

Времето на привилегирани, недопирливи и самопрогласени елити заврши.

 Народот знае кој работи, кој создава и кој се бори за државата, а кој само зборува, критикува и чека повторно да се врати на привилегиите.

Македонија им припаѓа на граѓаните, а не на оние што се сметаат себеси за предодредени да владеат, прифатиле вие или не!

 Единствената вистинска легитимација кај граѓаните се работа, резултати и одговорност.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1BeyT1TGTA/?mibextid=wwXIfr